Огромен интерес за субвенционираните станбени кредити

Bez autora
Jan 26 2012

Големиот интерес за субвенционираните станбени кредити за кој зборуваа банките и Министерството за финансии се потврди вчера, кога почна аплицирањето за овие кредити во рамките на владиниот проект "Купи куќа, купи стан". Во банките со кои контактиравме ни изјавија дека огромен број граѓани вчера дошле во нивните филијали и побарале информации за кредитот и за потребните документи, но првите апликации се очекуваат во наредните денови. Барањата за кредитот може да се достават во филијалите на НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка - Скопје, Охридска банка, Шпаркасе, Прокредит банка, Алфа банка, ТТК банка и Стопанска банка - Битола. За да им помогне на граѓаните полесно да ги поднесат апликациите Шпаркасе банка вчера се огласи со соопштение со кое ги информира дека може да аплицираат во сите нејзини филијали.

Огромен интерес за субвенционираните станбени кредитиГолемиот интерес за субвенционираните станбени кредити за кој зборуваа банките и Министерството за финансии се потврди вчера, кога почна аплицирањето за овие кредити во рамките на владиниот проект "Купи куќа, купи стан".

Во банките со кои контактиравме ни изјавија дека огромен број граѓани вчера дошле во нивните филијали и побарале информации за кредитот и за потребните документи, но првите апликации се очекуваат во наредните денови. Барањата за кредитот може да се достават во филијалите на НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка - Скопје, Охридска банка, Шпаркасе, Прокредит банка, Алфа банка, ТТК банка и Стопанска банка - Битола.

За да им помогне на граѓаните полесно да ги поднесат апликациите Шпаркасе банка вчера се огласи со соопштение со кое ги информира дека може да аплицираат во сите нејзини филијали.

- Шпаркасе Банка како дел од австриската групација Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Груп, со своите досегашни активности ја потврди политиката на стабилен раст и го зголеми својот удел на пазарот. Во таа насока е и учеството во проектот "Купи куќа, купи стан", со кое се потврдува довербата во банката и нејзината ориентираност кон потребите на клиентите - се вели во соопштението.

Субвенционираните станбени кредити од Шпаркасе банка се со максимален износ од 50.000 евра и со сопствено учество од минимум 25%. Во случај кога од Буџетот на Министерство за финансии се плаќа половина од месечниот ануитет во еднаков износ во првите пет години рокот на враќање на кредитите е минимум 240 месеци и максимум 360 месеци, каматната стапка е во висина на 4,99% за првите три години, односно 5,50% за четвртата и петтата година, додека во периодот на целосна отплата на кредитот каматната стапка е согласно важечката Одлука за каматни стапки на Банката. Во случај кога од Буџетот на Министерство за финансии се плаќа половина од учеството за станот или куќата кое не надминува 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, рокот на враќање е 240 месеци, а каматната стапка е во висина од 6-месечен ЕУРИБОР зголемен за 4,5 процентни поени. Врз висината на стапката на вкупните трошоци (СВТ) влијае рокот на отплата на кредитот, износот на кредитот, надоместоците за обработка на барање за кредит, како и висината на номиналната каматна стапка.

Повеќе информации за кредитите може да се добијат и преку караванот на Министерството за финансии "Како до свој дом" кој тргнува денеска од Скопје, а потоа ќе оди низ другите поголеми градови - Битола, Охрид, Штип, Тетово, Струмица. Во Скопје настанот ќе трае до 30 јануари и во тие пет дена граѓаните на едно место ќе добијат информации за проектот, не само од претставниците на Министерството за финансии, туку и од самите банки. Истовремено, ќе може да се аплицира на самиот плоштад, бидејќи банките ќе имаат апликации на своите штандови, кои ќе бидат поставени околу големата куќа на плоштадот што ќе ја постави Министерството за финансии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik